Забрана за камиони на мостот на реката Брегалница кај Карбинци

Од:

Мостот на реката Брегалница кои ги поврзува селата Таринци и Долни Балван во општина Карбинци од денеска е затворен за сообраќај за тешки товарни возила.

Градоначалникот на општината Зоран Минов изјави дека мостот е нестабилен и заради поголема безбедност на учесниците во сообраќајот од денеска низ него не можат да поминуваат тешки товарни возила.

– Знаеме дека есенските дождови почнуваат и временските услови се влошуваат така што може да се очекува поголема количина вода во реката Брегалница со што мостот би можел да се сруши, истакна Минов.

Тој информира дека општината изготвила проект за реконструкција на мостот што ги поврзува жителите на општина Карбинци со регионалниот пат Штип-Кочани и очекува тој да биде одобрен преку Агенцијата за финансиска подршка за руралниот равој. Целосната реконструкција на мостот треба да чини околу 220 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата