Ивановски се потпиша за поевтин роаминг

Од:

Македонија, Црна Гора и Србија денеска потпишаа спогодба за соработка во областа на информатичко-комуникациските технологии.

Спогодбата ја потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, вицепремиерот и министер за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора, Вујица Лазовиќ и вицепремиерот и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.

Со спогодбата владите на трите држави ќе се залагаат за унапредување на трилатералната соработка во областа на информатичките и комуникациските технологии, како и за создавање услови за инвестиции и заеднички вложувања во проекти од взаемен интерес.

– Како земји напредуваме во развојот на интернетот и компјутерската писменост, а во Македонија настојуваме со преземање на многу активности широкопојасниот интернет да биде достапен до сите граѓани. Во наредниот период со Црна Гора и со Србија ќе споделуваме заеднички искуства и идеи, со цел да напредуваме и да ги достигнеме западните развиени земји, изјави Ивановски по потпишувањето на спогодбата.

За време на денешните разговори, како што посочи, произлегла и иницијативата да се упати апел до регулаторните тела за електронски комуникации на Црна Гора, Србија и на Македонија, да ја разгледаат можноста граѓаните на трите земји да користат изедначени роаминг услуги.

Ивановски, кој присуствува во работна посета на Црна Гора, имаше обраќање и на министерската сесија во рамки на Меѓународниот форум за информатички достигнувања „ИнфоФест“, што се одржува во Будва.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска