ВМРО-ДПМНЕ: Прочитани се синдикалците на батерии како Иван Пешевски

Од:

Игрите на таканаречените синдикалци, со енормно високи примања, се прочитани и на нив никој не им верува. Иван Пешевски и Слободан Трендафилов, кои во јавноста се претставуваат како душегрижници за работничките права, всушност ги интересира само нивните високи плати, придобивки и привилегии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека глумат загрижени за работниците и додека ја споменуваат минималната плата, на грбот на истите тие работници дебело профитираат. И оваа лицемерна грижа за работниците и високите примања на Пешевски и Трендафиловски, почнаа да се обелоденуваат свиркачи од СДС на кои им е преку глава од нивното лажење и манипулирање. Оттука се поставува прашањето, дали Иван Пешевски глуми гласен синдикалец затоа што зема плата висока 80.000 денари? Информациите кои што ги доставија свиркачите од ССМ покажуваат дека платата на наводно загрижениот синдикалец Пешевски е три пати повисока од минималната.

Додека глуми загрижен синдикалец и ги манипулира работниците со минималната плата, Иван Пешевски за четири месеци заработува колку што работниците можат да заработат за една година. Тука не застанува лицемерието и дебелото профитирање на Пешевски. Тој, минатата 2024 година и првите два месеци од годинава, остварил дополнителни приходи и по други основи со договори на дело и заедно со платата инкасирал 1.3 милиони денари. Ако ова сума на инкасирани финансиски средства се преведе во минимални плати, Иван Пешевски кој ги лаже и манипулира работниците за минималец, лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може да земе ниту за четири години макотрпна работа. Од сево ова произлегува дека Пешевски и Трендафиловски не водат таканаречена борба за работнички права, туку борбата единствено им е за свои високи лични примања и привилегии, а синдикалната активност им е единствени инструмент за нивно лично профитирање. И во ова се прочитани и никој не им верува, а работниците знаат дека тие се синдикалци на батерии и дека работат само за свои интереси“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски