Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока изјави дека Европскиот парламент повторно ја „нападнал Унгарија“.

Бока го кажа ова затоа што темата „законските измени и нивното влијание врз основните права“ во Унгарија утре ќе се најде на дневен ред на ЕП, а никој од унгарската влада не е поканет да присуствува на дебатата, јави МТИ.

Тој исто така изјави дека полското претседателство со ЕУ, кое ја организираше дебатата, претходно не се консултирало со унгарската влада.

Бока изјави дека денеска испратил писмо до својот полски колега во кое бара објаснување зошто Унгарија била „нападната“.

Унгарскиот министер истакна дека владата ги штити основните интереси на децата, го брани националниот суверенитет на земјата од странско мешање и инсистира на транспарентност во финансирањето на невладините организации.

„За ова треба отворено да зборуваме: кој е на страната на децата, националниот суверенитет и транспарентност? Се друго е само политички циркус“, заклучува Бока во својата изјава.

Би можело да ве интересира

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател, во спортивно се закани со уставни измени

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан