Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Од:

Русија вели дека сериозно ги разгледува американските предлози за ставање крај на војната во Украина, но „не може да го прифати“ сегашниот мировен договор на претседателот Доналд Трамп и постави нов сет на барања.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјбaков рече дека Москва сака САД да ги земат предвид она што го сметаат за основни причини за конфликтот.

– Моделите и решенијата предложени од Американците ги сфаќаме многу сериозно, но не можеме да ги прифатиме сите во нивната сегашна форма, рече Рјбaков во интервју за магазинот „Интернешнл аферс“.

„Колку што можеме да видиме, денес во нив нема место за нашето главно барање, а тоа е решавање на проблемите поврзани со основните причини за овој конфликт“, рече тој и додаде: „Тоа е целосно отсутно и мора да се надмине“.

Трамп во неделата ги „искара“ рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи фрустрација поради продолжувањето на борбите во војната што тој вети дека брзо ќе заврши.

Трамп инсистираше на тоа дека е постигнат напредок во преговорите, но рече дека ќе размисли за воведување дополнителни санкции за да изврши притисок врз Москва.

Тој, исто така, го обвини Зеленски дека се обидува да се откаже од договорот со САД за пристап до украинските минерални ресурси.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Индија му испрати порака на Трамп: „Путин е мој пријател“

Орбан: Потребен е итен самит Русија-Европа за да се стави крај на војната во Украина

Зеленски: Војната треба да заврши што е можно поскоро

Русија се огласи за Додик: Дојде моментот на вистината

Руската база на нуклеарни подморници е оштетена по земјотресот на Камчатка, објави Њујорк тајмс

Русија е закана за националната безбедност на САД

Горан Наумовски