Зеленски: Документирани повеќе од 183.000 злосторства од страна на руските сили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија треба да биде казнета за повеќе од 183.000 наводни воени злосторства, кои Украина ги документира од почетокот на инвазијата во 2022 година.

„Повеќе од 183.000 злосторства поврзани со руската агресија врз Украина се официјално документирани“, рече Зеленски на самитот на европските претставници во Буча, каде што руските војници беа обвинети за злосторства, вклучително и егзекуции, силување и тортура за време на нивната окупација на градот, објави Ројтерс.

Тој додаде дека бројот на документирани наводни воени злосторства не вклучува податоци од поголемиот дел од украинската територија што моментално е окупирана од Русија.

„Потребно ни е ефикасно меѓународно право за да се гарантира заштитата на нашиот народ и на целото европско општество од такви закани. Правдата мора да биде задоволена за да се спречи ширењето на злото. Притисокот врз Русија и санкциите против неа се неопходни за да се осигура дека војната и злоупотребата нема да се шират“, рече Зеленски, јави Танјуг.

Зеленски и европските претставници денеска им оддадоа почит на жртвите од повеќемесечната руска окупација на Буча во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави генералот Хмара, новиот човек задолжен за одбраната на Украина

Горан Наумовски

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

„Фајненшл тајмс“: Венс го предупреди Зеленски – престанете со нападите врз Каспискиот нафтовод

Германски новинар го праша Зеленски: „Што можеме да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси?“

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна Кореја