Дилери од Скопје во импровизирани бункери во Бутел чувале дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин.

Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомничените. За сите тројца јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото“, извести Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Дрога, пиштол и куршуми се пронајдени кај тројца уапсени во Скопје

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он