Приведен 23-годишник што пукал со гасен пиштол во Чаир од возило во движење

Од:

МВР соопшти дека е лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир.

А.Д.(23) пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.

-На 30.03.2025 околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов” во населба Чаир, од возило „ауди а3″ во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух. Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото. Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

Катерина Ѓуровски

Работник загина во делчевска фабрика, Кинез усмртен од кран во погон во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

18-годишник двапати се степал во иста вечер, извадил и пиштол

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски