Петрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати

Од:

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата.Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари. Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи. Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што треба тоа да одработат. Прочитани се, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски