Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вчерашниот самит за поддршка на Украина во Париз е многу „мотивирачки“ и рече дека Украина нема да се откаже од својата независност.

„Мислам дека самитот беше многу мотивирачки… Мислам дека мојот дијалог со лидерите е мотивирачки. Мислам дека сите лидери се полни со енергија. Мислам дека лидерите не нè напуштаат, туку ќе ја поддржат Украина. Ова е лош сигнал за (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски.

Тој рече дека Украина е силна земја која навистина сака мир.

„Нема да се предадеме, да се откажеме од нашата земја, од нашата независност. Путин едноставно не може да ни го направи ова… Ние не сме сами“, нагласи Зеленски.

Тој нагласи дека му е важно Украина да е во силна позиција во мировните преговори и дека и се потребни гаранции од САД дека Русија нема да започне нова војна.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина извршија размена на загинати војници

Зеленски: Русите ја таргетираа речиси цела Украина – цел им беа повеќе воени објекти

Орбан: Пристапувањето на Украина во Европската Унија може да биде блокирано

Русија: За седум дена Украина загинаа 8.000 украински војници

(ВИДЕО) Американскиот систем „Патриот“ го изгуби дуелот со рускиот „Искандер-М“

Петмина убиено меѓу нив и дете во напад врз градот Прилуки