(ВИДЕО) Жерновски: Град Скопје ги уништува Паркинзи Центар

Од:

Јавното претпријатие Улици и патишта под ингеренции на град Скопје почна да ги брише хоризонталните и вертикални линии кој означуваа паркинг простор на Општина Центар. Акцијата која започнала изутринава на улиците низ Дебар Маало, била со цела да и се наштети на Општината но и на Паркинзи Центар, објаснува градоначалникот Жерновски и директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ.

Образложението кое го добиле било дека за паркинг местата немаат сообраќајен проект, за кој општина Центар доставила барање до град Скопје по кое не било сеуште постапено, тврди директорот на ПОЦ Богдановиќ.

Ваква согласност Градски паркинг нема за ниедно паркиралиште во Скопје вели Богдановиќ, и праша зашто се постапува селективно и тенденциозно и која е крајната цел.

Од општина Центар посочија дека во заблуда ќе се донесат граѓаните кои имаат извадено паркинг карти за цела година на територија на општината, а не ја исклучија можноста автомобилите да ги однесе пајак службата на град Скопје.

Жерновски изрази жалење за односот на Град Скопје. Иако веќе три дена го барал градоначалникот Коце Трајановски за да се сретнат за да се надмине проблемот, но и да го праша зошто изминатите четири години не постапил по ова прашање-одговор оттаму сеуште немало.

Градоначалникот на Центар побара одговор колку изнесуваат комуналните такси за 2012 и 2013 година и зошто градот не сака да ги префрли на општина Центар.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории