Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со младиот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 лице од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност. Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Јован, како што посочува премиерот, не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика.

– Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи, вели Мицкоски.

Премиерот ја сподели информацијата дека на Јован ќе биде доделена стипендија, како знак на признание за неговата храброст и човечност.

– Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот, истакнува Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија