Утрово во 02,40 часот во Кичево, на ул.„Мехмед Мехмеди“, пред влезот во зградата, А.Ш.(1992) од Кичево бил нападнат од страна на 3 непознати лица (едниот со прекар Чили) кој извадил пиштол непозната марка и го вперил кон А.Ш. упатувајќи му закани дека ќе го убие, соопштува МВР.
Со ракофатот од пиштолот го удрил по глава додека другите лица го удриле со метален предмет во пределот на тилот. Потоа со возило „Голф“ со автриски таблици го напуштиле местото.
Кичевската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите.