Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

Од:

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија. Прашањето го темели на изјави на функционери кои изјавуваат дека се дел од Кризен штаб.

„Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани (пример: посета на болни без следење на медицински протокол).

Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со кризи (Сл. весник на РМ бр. 29/2005), како lex specialis, за да постои кризна состојба и согласно тоа ’Кризен штаб’ – потребна е владина одлука, која потоа се доставува до Собранието кое врши парламентарен надзор in concreto!

Оттука, бидејќи ваква одлука нема и нема никакво известување до нас пратениците, како контролори на извршната власт, јавно прашувам дали тоа и ’кризнава состојба’ ви е прогласена илегално и противзаконски, меѓу владината коалиција – што би се рекло на диво, без запазена регулатива и процедура – како, впрочем, и целата истрага што ја буткате на мускули (со владино прикривање на одговорните и поштедување на вашите штабомани и клиенти)?“, прашува Апасиев преку статус на социјалната мрежа ФБ.

Би можело да ве интересира

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Сведоци за пожарот во „Пулс“: Паника за време на настапот на ДНК

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски