Нови локации за забрана за користење на дронови, овој пат во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје:

1. Плоштад „Македонија,
2. Улица „Димитрие Чуповски“,
3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ,
4. Улица „Филип Втори“,
5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и
6. Пред Влада на РСМ.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство. Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Американските сили соборија ирански дронови над Ормутскиот теснец

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Санкт Петербург под масовен напад со дронови

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Осуммина повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина

А1он