Германија одбележува 23 години од обединувањето

Од:

Германија одбележува 23-годишнина од обединувањето, но разликите во богатството меѓу поранешниот капиталистички запад и некогашниот комунистички исток и понатаму постојат и исчезнуваат споро.

На 3-ти октомври 1990 година Германија официјално е обединета со цел двата дела од државата во догледно време да бидат еднакво развиени, но билансот по 23 години подоцна не изгледа поинаку, наведува Дојче веле.

Германски медиуми објавуваат дека кај народот повеќе е останато во сеќавање 9 ноември 1989 година кога падна Берлинскиот ѕид, симболот на поделба на Германија и блоковската поделеност во светот.

Разликите меѓу сиромашниот исток и богатиот запад видливи се и по две децении заеднички живот.

Статистиката покажува дека не е речиси се „мазно“ и избалансирано и многу на западот сметаат дека истокот не треба и понатаму да се помага, додека оние на истокот чувствуваат „жал“ за минатите времиња, а над се сигурноста на работното место.

Според институтот Ифо, во обнова на истокот до 2010 година се вложени 1,6 билиони евра од кои 79 отсто се социјални давачки бидејќи по промените, стотици илјади луѓе на истокот останаа без работа или чекаа пензии. Денес сите кои примаат плата на западот мора да издвојат неколку десетици евра месечно за развој на истокот, објави Дојче веле.

Источногерманскиот БДП и понатаму е 71 отсто од нивото на западот, продуктивноста на истокот е за 20 отсто пониска во однос на западногерманската, а некогашниот комунистички дел од државата каде денес нема гигантски компании во вкупната индустрија придонесува со само 20 отсто.

Западот извезува десет пати повеќе отколку истокот, каде десет отсто луѓе немаат работа. Платите во источниот дел во 1990 година биле двојно пониски отколку на западот, а во меѓувреме достигнаа 80 отсто од западното ниво. На истокот две третини од жените работат полно работно време, а во западниот дел само половина од нив.

Канцеларот Ангела Меркел тврди дека разликите меѓу истокот и западот кај младите генерации веќе не се забележливи.

Германците денеска Денот на обединувањето ќе го одбележат со централна прослава во Штутгарт каде ќе биде политичкиот и државниот врв. Централната церемонија по протокол се одржува во покраината од каде е претседателот на Бундесверот, горниот Дом на парламентот.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ