Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска изјави дека е неприфатливо Европската комисија да финансира проекти кои досега биле финансирани од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и да ги користи парите на даночните обврзници за финансирање, како што наведе, мешање во внатрешните работи на земјите-членки, со што се нарушува нивниот суверенитет.

Сијарто на прес-конференција по разговорите со неговиот грузиски колега, Макао Бочоришвили, рече дека Грузија е најдобар пример за тоа како „глобалната диктатура на меѓународниот либерален мејнстрим“ се обидува да ги собори „патриотските, конзервативни влади“.

Сијарто истакна дека Грузија е жртва на овој „неверојатен и срамен двоен стандард“ и потсети дека Унгарија стави вето на сите санкции што ЕУ имаше намера да ги воведе против Грузија.

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена

Сијарто: Не ни треба дозвола од Брисел за какви било разговори со странство

Сијарто: Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси

Сијарто испраќа мрачно предупредување до Европа