Мицкоски за протестите: Политичките глодари се обидуваат преку трагедии да добијат политички поени

Од:

Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести. Но, не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Радовиш беше прашан за коментар за протестите по трагедијата во дискотеката во Кочани.

Премиерот Мицкоски посочи дека протестите се демократска алатка на изразување на незадоволство.

– И јас сум нервозен, а верувам и дека и вие сте незадоволни. Сите ние сме незадоволни, во сето тоа што се случува и не треба да имаме дилема. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме, многу работи изминатите девет месеци, какошто е избрана оваа Влада се решија, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. Токму тоа е за тие политички глодари проблем, коишто сакаат преку овие протести, да добијат некој политички поен, па гледаат шанса, изјави Мицкоски.

Потенцираше дека апсолутно го поддржува изразувањето на револт и гнев, затоа што, како што рече, уште многу работи пред нас останаа да се решат.

– Но, ќе се бориме до последен атом, енергија, којшто го имаме да исправиме нешто во името на идните генерации, коишто доаѓаат. Преку ноќ не може ништо да се направи, иако направивме многу работи, ќе повторам изминатиот период. Поразивме неколку мафијашки здруженија, коишто за жал функционираа во државата, ќе продолжиме и во периодот, којшто следи. Но, од сега па натаму, јас само би посакал да сите останеме фокусирани и обидинети во решавање на проблемите, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Шест пациенти кои беа повредени во „Пулс“ денеска се враќаат од Србија и од Италија

Горан Наумовски

ДУИ бара одговори од власта: Која била одговорноста на агенцијата „Рубикон“ при обезбедувањето на „Пулс“?

Горан Наумовски

Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на двајца кои се лекуваат во Солун

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

ВИДЕО: Страшни глетки, пискотници, кршевме прозорец за да извлекуваме – сведоштво на младиот Јован

Остануваат во куќен притвор двајцата екс градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите

А1он