Лавров: Терористи во Сирија користат компоненти на хемиско оружје

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека Москва има податоци дека терористите во Сирија употребуваат компоненти на хемиско оружје.

-Наши извори, тврдат дека официјални претставници на неколку држави од регионот околу Сирија, воспоставуваат контакти и имаат редовни средби со раководството на Џабхат ал Нусра и други терористички групи, рече Лавров.

Тој додаде дека според нивно сознание тие радикали имаат некои компоненти на хемиско оружје, пронајдено во Сирија или транспортирано од некаде.

– Не само на територија на Сирија, туку тие компоненти веќе се транспортирани и на територија на Ирак каде што се подготвуваат некои провокации, рече Лавров, пренесе „РИА Новости“.

Според неговите зборови, сето тоа е динамизирано по усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, на руско-американска иницијатива и истакнување на неопходноста од одржување на меѓународната конференција за Сирија „Женева 2“.

Лавров истовремено ги повика и спонзорите на сириската опозиција да престанат да ги поткопуваат подготовките за конференцијата.

Рускиот министер рече дека не е мал бројот на оние кои што сакаат неуспех на конференцијата, пренесе „Итар-Тас“.

-Повикот за воена интервенција, ние ги сметаме за неприфатлив. Провокатори има, сигурно ќе ги има и повеќе, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија, на конференцијата за новинари по средбата со индискиот колега Салман Хуршид, исто така, изрази очекување дека во што поскоро време ќе започнат активности за свикување на конференцијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала