Kај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Од:

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков денеска соопштија дека по трагичниот настан во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите.

Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.

Кај сите настрадани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

– Обдуцирани се 59 лица. Најголем дел од нив, односно 70 проценти од нив се на возраст меѓу 16 и 29 години. Од починатите 16 лица се од женски пол, а 43 мажи. Причината за смрт кај сите 59 настрадани е насилна и е настаната заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот во дискотеката „Пулс“. Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв и втор степен, кај три лица имаше изгореници од четврти степен. Причината за смрт е задушување. Во наредниот период, во текот на март, очекуваме да се завршат сите извештаи во врска со направените обдукции. Можеби ќе ни треба повеќе време за да се изработат токсиколошките анализи кои што, реално бараат време за извршување. Се што ќе сработиме, ќе доставиме до Обвинителството. Облеката и личните предмети од починатите кои се најдени за време на обдукциите се на Институтот и тие се во надлежност на Јавното Обвинителство. Што ќе се случува со нив ќе одлучи Јавното Обвинителство, бидејќи може да бидат земени во судска постапка како докази, изјави д-р Станков.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.

Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот за судска медицина, но се во надлежност на Обвинителството и тоа ќе одлучи што ќе се случува со нив зашто може да бидат земени понатаму во некоја судска постапка.

Би можело да ве интересира

Станков: Три од жртвите во пожарот во Кочани имаа изгореници од четврти степен, четворица беа со скршеници на ребрата

А1он

Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата

Шест месеци се бара лекарска грешка за Булент Ибрахим, починат од сепса по операција на хемороиди

Маја Илиевска-Пачемска