Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата

Од:

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата.

Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса.

– Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините, нагласи Станков.

Би можело да ве интересира

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице