На Копаоник во текот на вчерашниот ден паѓаше слаб снег, но и покрај ниските температури не се задржа на тлото, соопшти Метеоролошката служба на Србија.
И на Стара планина, на Бабин заб, вчера првиот снег ги покри крововите. На Копаоник околу 17.30 часот е измерена температура од минус еден степен Целзиусов.
Во хотелот на Електростопанство Србија на Бабин заб, велат дека снегот оваа година во однос на претходните паднал многу рано.
-Не паметам некогаш да паднал снег толку рано. Минатата година во текот на октомври температурата се движеше околу дваесетиот степен, а сега имаме снег- изјави една од вработените во хотелот.
Елена Георгиевска