Регистриран земјотрес во Струмичко

Од:

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?