Меси испадна од ростерот на Аргентина: „Тажен сум, сакав да играм, но…“

Од:

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси не се најде на списокот на репрезентацијата на Аргентина за квалификациите за Светското првенство.

Меси во последно време има многу проблеми со повредите, па затоа го нема на списокот на тренерот Лионел Скалони.

– Тажен сум што ќе ги пропуштам многу важните натпревари против Уругвај и Бразил. Сакав да играм, но малите повреди значат дека треба да одморам, па не можам да бидам таму. Сепак, ќе навивам за тимот како и секој друг навивач. Напред Аргентина – изјави Лионел Меси.

Аргентина моментно е прва на квалификациската табела со пет бода повеќе од второпласираниот Уругвај.

Би можело да ве интересира

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он

Билетите за „последното танго“ на Меси за Аргентина распродадени за два часа

А1он