Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

Од:

Турските власти воведоа ограничувања за пристапот до социјалните мрежи, вклучително и X, YouTube, Instagram и TikTok, по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и 100 други лица, соопшти Netblocks.

Опозицискиот лидер Имамоглу беше уапсен за време на претресот на неговата куќа како дел од истрагата за наводна корупција и врски со тероризам, пренесе АП.

Уапсени се и повеќе од 100 други лица, меѓу кои и помошникот на градоначалникот, Мурат Онгун.

Иако властите тврдат дека овие постапки се правно засновани, опозицијата ги смета за политички мотивирани.

Набргу по апсењето, акциите на турската берза паднаа за седум отсто, што предизвика привремен прекин на тргувањето.

Освен тоа, турските власти го блокираа сообраќајот на неколку улици во Истанбул и забранија протести на четири дена за да спречат евентуални демонстрации.

Апсењето дојде откако Имамоглу вчера ја загуби дипломата поради наводни неправилности во образованието, што го спречува да се кандидира на претстојните претседателски избори.

Групата Netblocks објави дека пристапот до главните социјални мрежи во Турција е блокиран за да се ограничи ширењето на информации за апсењето и поддршката за опозицијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Израел бара изговори за да продолжи со масакрите во Газа

А1он

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Родители и две деца загинаа во уривање на зграда во Турција, најстарата ќерка е спасена

(ВИДЕО) Се урна зграда во Турција, во тек е спасувачка акција по „заробените“ во урнатината

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција

А1он

Ердоган вети дека ќе ja убеди Мелони да се откаже од цигарите

А1он