Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Од:

Битолчани со свеќа и цвеќе оддадоа почит на загинатите лица во Кочани и изразија протест против институциите што не успеаја да спречат трагедијата.

Поворката почна од плоштадот Магнолија, насобраниот народ се движеше по Широк Сокак, до битолскиот Офицерски дом каде кон небото беа пуштени црни балони.

-Македонија тагува, трагедија која нема да се заборави, но не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, луѓе страдаат и бараат лек, а болниците не се подготвени за вакви масовни несреќи. Здравството е ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата. Сите си заминуваат, а ние што останавме тука умираме еден по еден бидејќи државата не заборави. Ние ќе се бориме за правда, изјави Леонардо Соколов, член на организацискиот тим на собирот во Битола.

Учесниците на собирот побараа корупцијата да се искорени од сите институции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената дискотека

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката