Муцунски: Во болницата „Пирогов“ во Софија се лекуваат девет повредени од несреќата во Кочани

Од:

Болницата „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани, попладнево ја посетија министрите за здравство и за надворешни работи и надворешна трговија, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Од медицинскиот персонал биле информирани за здравствената состојба на 9-те македонски пациенти хоспитализирани во таа установа.

Шефот на дипломатијата на Фејсбук објави дека болницата ја посетиле заедно со министрите за надворешни работи и здравство на Бугарија, Георг Георгиев и Силви Кирилов.

-Во Бугарија во моментов се згрижени 15 пациенти, што е резултат на директната политичка комуникација со нашите колеги и претставува потврда за солидарноста и силната пријателска поддршка од нашите соседи, за што изразив искрена благодарност. Упатив благодарност до целиот здравствен персонал, од кој добивме детални информации за здравствената состојба на пациентите, објави Муцунски на својот фејсбук-профил.

Пред семејствата на македонските пациенти, додава тој, нагласил дека Македонската амбасада во Софија „останува на целосно располагање за секоја нивна потреба во наредниот период“.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на „Пулс“ останува во притвор во Куманово, газда „Деко“ има забелешки за затворскиот душек и честите претреси

Обвинетиот Милковски од аферата „Пулс“ вели: Јас не можам да се борам со животот, немам сили да доаѓам на судење

Продолжува процесот за пожарот во „Пулс“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Граѓаните од денеска ги преземаат личните работи од трагедијата во „Пулс“

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани