Бела куќа: Трамп и Путин се согласија дека војната треба да заврши со траен мир

Од:

Русија се согласи на ограничен прекин на огнот, или суспензија на нападите врз украинската енергетска инфраструктура за 30 дена, одлуката е донесена по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кој траеше околу час и половина, потврди Белата куќа.

Во соопштението објавено по повикот на двајцата претседатели, Белата куќа рече дека двете страни се согласиле да одржат „технички преговори“ за прекин на огнот во регионот на Црното Море, како и за целосен прекин на огнот и на крајот – постојан мир.

„Денеска претседателот Трамп и претседателот Путин разговараа за потребата од мир и прекин на огнот во војната во Украина. Двајцата лидери се согласија дека овој конфликт треба да заврши со траен мир“, се вели во соопштението.

Тие ја истакнаа и потребата од подобрување на билатералните односи меѓу САД и Русија.

– Крвта и богатството што Украина и Русија ги потрошија во оваа војна би можеле подобро да бидат насочени кон потребите на нивниот народ, се вели во соопштението на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“