Во Бангладеш почна изградба на првата нуклеарна централа, во која ќе има два руски реактори.
Првиот реактор предвидено е да произведува 100 мегавати енергија до 2018 година. Вториот реактор двојно ќе го зголеми капацитетот на централата до 2.000 мегавати.
Бангладеш потпиша договор со руската државна компанија „Росатом“ во 2011 година за изградба на нуклеарната централа, која ќе чини четири милијарди долари. Русија одобри кредит со ниски камати за Бангладеш за финансирање на 90 проценти од проектот.
Во Бангладеш живеат 150 милиони луѓе и не може да се произведе доволно електрична енергија, за да се задоволат нивните потреби.