ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Од:

Уште 12 пациенти денеска пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Авион со пациенти од Македонија слета попладнево на аеродромот Батајница, по што следеше трка со времето.

Пациентите се превезуваа во болниците со амбулантни возила, а со оглед на нивната состојба, императив беше да се однесат таму што е можно побрзо, секоја секунда беше важна.

На влезот во Ургентниот центар медицинскиот персонал беше подготвен да ги прими пациентите. Медицинските екипи веднаш реагирале.

Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград. Таму се три девојки и едно момче кои според првичните сознанија се во стабилна состојба. Префрлени се Клиниката за пластична хирургија.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Вечер посветена на Нина Спирова во КИЦ Белград

ВИДЕО: Претепан писателот Владимир Арсенијевиќ во Белград, поради организирање на комеморацијата на геноцидот во Сребреница

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски