Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Од:

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.

За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор.

Од ОЈО Кочани откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него се уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“