Вилнус ја предупредува Москва за влошување на односите со ЕУ поради засилени царински проверки

Од:

Литванија, која е актуелен претседавач со ЕУ, ја предупреди Русија за евентуално влошување на односите со ЕУ поради засилените царински проверки по границата со балтичката земја, кои, според Вилнус, се политички мотивирани.

Пред околу три седмици, Русија наложи засилени проверки на литвански камиони, кои заминуваат во Русија, што доведе до големи загуби за литванските превозници.

– Ако вакви дејствија, политички мотивирани, продолжуваат без никакви објаснувања, тоа може да има негативни последици за односите Русија-ЕУ, предупреди литванскиот министер за надворешни работи Линас Антанас Линкевичус.

Брисел веќе ги критикуваше мерките, кои Москва ги наложи на Вилнус и ги оцени како дискриминаторски и неумесни, како и несоодветни согласно обврските на Русија како членка на Светската трговска организација.

Москва вчера објави дека може да го забрани увозот на млечни производи од Литванија поради епидемиолошки и санитарни ризици.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот