Министрите за одбрана на САД Чак Хејгел и на Јапонија Ицунори Онодера, го разгледаа зајакнувањето на соработката меѓу двете земји во борбата против кибер тероризмот и ги осудија претензиите на Пекинг врз островите во Источното Кинеско Море, контролирани од Токио.
Вашингтон и Токио планираат да организираат заеднички вежби за реакција против кибер напади.
Двете земји неретко ги обвинуваат Кина и Северна Кореја за вакви напади врз институции и фирми.