Вучиќ: Им стоиме на располагање на нашите браќа Македонци, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот во дискотека во Северна Македонија, кои се сместени во Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Заедно со Вучиќ се и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.

Претседателот Вучиќ по посетата на повредените се обрати до јавноста и одговараше на новинарски прашања.

– Овде лежат деветмина, јас посетив двајца, па заедно посетивме седум. Степенот на изгореници е од 4 проценти до многу поголем, за да не се исплаши семејството. Проблем се и белите дробови и најголем проблем за повеќето пациенти се респираторните повреди. Еве ги условите. Невозможно е да се најдат подобри услови во Европа отколку овде во Белград. Ќе имаме уште 12 пациенти кои доаѓаат, ги имаме и во ВМА и во Клиничкиот центар во Ниш. Мислам дека се подразбира, за нас трагедијата во Кочани е како трагедија на кое било друго место во нашата земја. Уште еднаш, изразувам сочувство до нашиот братски народ во Северна Македонија. Само најсилните од нив можат буквално да комуницираат, но верувам дека ќе можеме многу да помогнеме. Сето тоа подоцна може да се поправи со пластична операција, се додека виталните органи им се добри. Им стоиме на располагање на нашите македонски пријатели, браќа, подготвени сме да примиме повеќе луѓе во болниците кои, како што гледате, се одлично опремени, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Вучиќ: Јас сум единствениот што не ја потпиша декларацијата на самитот Југоисточна Европа-Украина

Горан Наумовски

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“

Вучиќ: „Тие сакаа да ја уништат независна Србија“

Горан Наумовски

Дачиќ: Лагата за „звучниот топ“ беше вовед во граѓанска војна

Горан Наумовски