БИА го приведе црногорскиот пратеник во Белград, тој синоќа со изјава ги поддржа студентите

Од:

Иван Вуковиќ, потпретседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и пратеник во парламентот на таа партија во Црна Гора, беше приведен во Белград.

Тој е приведен од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, а оваа информација за црногорските медиуми ја потврдија од ДПС.

ДПС соопшти дека близок на Вуковиќ, кој бил со него приватно во Белград, рекол дека припадници на БИА го уапсиле додека излегувал од хотелот Хилтон.

Изворот на „Вијести“ кој присуствуваше на притворањето на Вуковиќ изјави дека пред лифтот ги чекале неколку униформирани лица и двајца во цивилна облека, кои се претставиле како припадници на БИА, а потоа го привеле Вуковиќ.

Вуковиќ им кажал дека е во Белград за да придружува член на семејството, а синоќа на Фејсбук сподели видео од протестот во Белград.

Неговото апсење утрово го побара претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ. По приведувањето, потпретседателот на партијата на Мило Ѓукановиќ беше протеран во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Зголемениот број Руси со српско државјанство претставува безбедносен ризик за ЕУ, предупредува Европската комисија

Катерина Ѓуровски

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени

Српски војник загина во Либан

Вучиќ се одмаздува за враќањето на неговата „гарда“, од вчера ниту еден Црногорец не е пуштен во Србија, пишуваат црногорските медиуми