Москва предупредува: Времето истекува

Од:

На украинските војници во областа Курск во Русија им истекува времето да го положат оружјето, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека ова е одговор на Владимир Путин на повикот на Доналд Трамп, Русија да ги поштеди животите на украинските војници во регионот Курск.

Песков изјави за Тас дека понудата на рускиот претседател до украинските војници во регионот Курск да го положат оружјето сè уште постои, но тоа време истекува.

Тој истакна дека нивното време се намалува како „шагринска кожа“, осврнувајќи се на романот на францускиот писател Оноре де Балзак „Шагринска кожа“ во кој животот на главниот лик се скратува со секоја исполнета желба.

На оперативниот состанок со постојаните членки на рускиот Совет за безбедност, Путин рече дека на украинските војници во регионот Курск им гарантира живот и третман загарантиран со меѓународното право доколку го положат оружјето и се предадат.

„Меѓутоа, за да се случи ова, треба да се издаде соодветна наредба од военото и политичкото раководство во Киев“, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Калас и европски министри за надворешни во Украина на Денот на Европа

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: Украина тврди дека Русија напаѓа и покрај едностраното примирје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев, најмалку двајца мртви

Катерина Ѓуровски