Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува релевантните обвинители да ја следат вечерашната емисија во која ќе бидат презентирани докази за тоа што се подготвува за протестот во сабота и кој учествува во подготовката на пучот и нагласи дека нема да има заштита и дека сите ќе одговараат согласно законот.

„Вечерва ќе ја гледам колку што можам. Сосема сум сигурен дека и надлежните обвинители ќе ја следат емисијата и соодветно ќе реагираат, согласно законот. И тоа го очекувам“, нагласи Вучиќ.

Вака тој одговори на прашањето што ќе се случи ако се утврди автентичноста на сите снимки што ќе бидат прикажани вечерва за тоа кој и како го подготвува државниот удар.

Вучиќ истакна дека нема да има заштитени само поради нечие име и презиме.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија го надмина регионот по висина на платите, сега ги стигнуваме земјите од ЕУ

Вучиќ вторпат најавува оставка

Катерина Ѓуровски

Вучиќ од Пекинг по вчерашниот протест во Белград: „Mожно е наскоро да поднесам оставка“

А1он

ВИДЕО: Од собирот во Куманово упатена поддршка за Александар Вучиќ

Предраг Петровиќ

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на нов голем протест утре во Белград, Вучиќ најави избори наесен