Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Од:

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков извести дека на американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц му го пренел ставот на Русија за потребата од долгорочно решение во Украина. Од она што го кажа, произлегува дека Русија не е заинтересирана за прекин на огнот како оној што го договорија Украина и САД. Претставник на Кремљ зборуваше за ова во интервју за програмата 60 минути на каналот Русија-1.

„Јас, се разбира, ги коментирав постигнатите договори за привремен прекин на огнот и го изразив нашиот став дека ова не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија, ништо повеќе“, рече Ушаков.

„Нашата цел е трајно и мирно решение кое ќе ги земе предвид легитимните интереси на нашата страна. Нашите грижи се познати. Мислам дека никому не му требаат такви чекори, кои само имитираат мировни потези“, нагласи тој.

Неговата изјава доаѓа откако американските преговарачи пристигнаа во Москва за да разговараат за можното решение на конфликтот.

Ушаков рече дека „има нормална размена на мислења меѓу Русија и САД на мирен начин“ и дека Москва очекува Вашингтон да ја земе предвид нејзината позиција во понатамошните преговори. Според него, Вашингтон е свесен дека „членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид“.

„Се договоривме таквите контакти да останат затворени за јавноста“, додаде Ушаков.

Руските медиуми јавуваат дека рускиот претседател Владимир Путин денеска се очекува „да искаже поконкретни и посуштински оценки за предлогот за привремен прекин на огнот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците првпат спасија војник од „зона на смртта“ со дрон

Катерина Ѓуровски

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците му нанесоа огромна штета на „рускиот Гугл“

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа