Уставот не предводува интерпелација или разрешување на уставни судии, реакција од Судот

Од:

Уставот на Република Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија, велат од Уставен по најавите од ДУИ дека ќе поднесат интерпелации во Собрснието за судии од Судот.

– Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција. Уставот не му дозволува на Собранието на Република Северна Македонија со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.

Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд.

Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.

Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество, се вели во реакцијата од Уставен суд.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Секој е должен да го почитува Уставот, вклучувајќи го и Собранието

Горан Наумовски

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

Уставен суд ќе одлучува за Изборниот законик

Уставен ќе ја оценува постапката за стажот на членовите на Советот на јавни обвинители

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик

Стопанската комора на Северна Македонија: Добра е одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност