Јакимовски: Со поставувањето на фотоволтаици ќе се придонесе за поздрава и почиста животна средина

Од:

Советниците на ЛДП во општинските совети, при составувањето на ребалансите за оваа година и за новите буџети во идната година, ќе достават предлози со кои ќе побараат поставување на фотоволтаици на секоја јавна општинска установа.

„Сметаме дека ваквиот предлог е корисен, практичен и лесно спроведлив од повеќе аспекти: Ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори, со што ќе се заштити животната средина и значително ќе се намали загадувањето на воздухот во околината и ќе се заштедат финансиски средства за секоја установа, средства кои ќе може да се пренаменат за други, корисни проекти на установата“, вели во својата изјава Филип Јакимовски, претседател на Градската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП).

Според Јакимовски, со отстранувањето на досегашните извори на енергија кои загадуваат и поставувањето на фотоволтаици ќе се придонесе за поздрава и почиста животна средина, а со продажбата на вишоците на струја ќе се оствари дополнителен финансиски профит за институцијата.

Од ЛДП сметаат дека поставувањето на фотоволтаици на установите е проект кој не чини многу, нема да одземе многу време, а придобивките се повеќекратни и корисни за сите.

„Пресметките за досега поставените фотоволтаици покажуваат дека сметките за струја се намалуваат помеѓу 50-60% и целокупната инвестиција се враќа за 5-6 години. Со оглед на тоа дека рокот на траење на овие панели е околу 20 години, тие 14-15 години произведуваат електрична енергија исклучиво за инвеститорот“, додава Јакимовски.

Со цел подигнување на свеста на граѓаните и побрзо реагирање од страна на надлежните, во периодот што следи сите советници во локалните совети кои се од редовите на ЛДП ќе покренат вакви иницијативи во своите општини.

Би можело да ве интересира

Јакимовски и жители на Злокуќани не сакаат Центар за зависници во болницата „Бардовци“

Левица: Јаневска и Јакимовски водат партиски пресметки преку грбот на ученците

Јакимовски: Владата се однесува крајно некоректно кон македонските општини

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори