Маж ја истепа вонбрачната партнерка, но и нејзините две деца

Од:

Вчера во 19 часот во Полициската станица Чаир, било пријавено дека истиот ден околу 14,30 часот на подрачјето на Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни деца дека биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. (24 ) од село Радуша.

При укажување на лекарска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ констатирани се тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, а кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куѓа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца.

Постапувајќи по пријавата полициски службеници го уапсиле Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

33-годишен скопјанец речиси еден месец психички и физички ја малтретирал поранешната девојка

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски