Познат е идентитетот на возачите кои загинаа на експресниот пат Штип – Кочани

Од:

Полицијата извести дека вчера во 13.15 часот во полициската станица во Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „пежо 3008“ управувано од Б.М.(64) од Кочани и возило „фолксваген ап“ управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје.

Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на Итната медицинска помош од Кочани, а возилото „фолксваген ап“ било целосно опожарено.

Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он