Средби на Ахмети во Брисел

Од:

Делегацијата на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), предводена од претседателот Али Ахмети, денеска ја продолжи официјалната посета на Брисел.

Во Советот на Европската Унија, соопшти денеска ДУИ, Ахмети остварил средби со директорот за Европа и Азија во службата за надворешна политика и безбедност, Луиз Фелипе Фернандез Де Ла Пења, со директорот за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, Фернандо Џентилини, а во Европскиот Парламент се сретнал со пратеникот Едуард Кукан од десно ориентираните политички партии.

На сите средби се разговарало околу европската иднина на Република Македонија, како и за напорите да се изнајде најдобар можен начин за да се деблокира интегративниот процес на земјата, за да се продолжи кон отворање преговори за членство.

Со Де Ла Пења и Џентилини, лидерот на ДУИ, соопшти партијата, говорел и за тоа да се искористи доброто искуство од преговорите помеѓу Приштина и Белград и во случајот на Скопје и Атина.

Ахмети им честитал за постигнатиот успех со договорот помеѓу Косово и Србија и нагласил дека токму таков ангажман е потребен и во решавањето на прашањето со името.

– Оваа пречка ја држи во заложништво иднината на Македонија и на граѓаните кои што очекуваат интеграција и не сакаат изолација. Високите претставници на Европската Унија ја нагласија поддршката за европските аспирации на Македонија при што изразија убедување дека решението е можно во случај да постои политичка воља и готовност кај политичарите од двете земји за решение. Брисел охрабрува да се постигне што е можно поскоро решение на спорот со нашиот јужен сосед, стои во соопштението.

Пратеникот од Европскиот Парламент, Едуард Кукан, изразил почит за стабилната улога на Ахмети, како и негова поддршка за афирмативните активности во правец на унапредување на интеграцијата на земјата во ЕУ. Кукан нагласил дека Европскиот Парламент ќе продолжи со поддршката за Македонија, а Ахмети, се вели во соопштението, побарал понагласен ангажман на сите европски институции за да се олесни постигнувањето компромис за името.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност