Брнабиќ: Успеавме да го исполниме четвртото студентско барање

Од:

Српскиот парламент денеска начелно и детално ја заврши расправата, а закажано е гласање со кое ќе биде заокружена тридневната седница на првата редовна седница.

Пратениците од владејачкото мнозинство се во собраниските клупи, додека повеќето пратеници од опозицијата не се во собраниската сала. Собраниската седница започна пред два дена, од кои првата заврши хаотично, додека вчера седницата продолжи во многу помирна атмосфера. Денеска, како и ден претходно, во парламентот се зголемени безбедносните мерки.

Пратениците во српскиот парламент почнаа да гласаат за неколку законски предлози, меѓу кои и измените на Законот за високо образование. Пратениците гласаат за 34 од вкупно 70 точки.

Беа изгласани измените на Законот за високо образование, а претседателката на Собранието Ана Брнабиќ рече дека им честитала на сите.

– Успеавме да го исполниме четвртото студентско барање – рече таа.

– Мислам дека ова беше најтешкиот закон што сме го донеле! И покрај сите шок бомби, електрошокови и терористички акти, успеавме, изјави Ана Брнабиќ.

Она што ја одбележа таа седница е тоа што пратениците од опозицијата не гласаа да се стави на дневен ред законот за исполнување на четвртото барање на студентите во блокадата.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за нападот во Нови Сад: Го осудувам она што јас лично го нарекувам фашистичко дивеење

А1он

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене