ВИДЕО: СДСМ обвинува за тендерски мрежи во општините на ДПМНЕ

Од:

СДСМ изнесе сомнежи за корупција, сонежи за матни тендери во речиси сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Дури како што велат и со пари од унгарскиот кредит.

Во фокусот се милионските тендери што завршуваат кај едни исти фирми. Дури и фирми со сомнително минато, кои биле гонети токму за злоупотреби и местење тендери а кои последно земаат пари и тоа од унгарскиот кредит. Дали е тоа поентата на унгарскиот кредит и каде завршуваат овие пари?, рече потпаролката на партијата Богданка Кузеска.

“Денеска го отвораме првиот скандал поврзан со компанија која верувале или не, работи на 50 тина јавни набавки во општини кои ги води ВМРО-ДПМНЕ. Да биде скандалот поголем, компанијата претходно, во 2020 година е осомничена токму за местење на тендери во јавните набавки, погодете каде, во општина Зелениково предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ’ рече Кузеска.

Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати.

“Клучно е каде завршуваат парите од унгарскиот кредит? Парите од овој кредит не се бесплатни – тие се враќаат од буџетот, односно од парите на граѓаните и тоа со камата. Jавноста има право да знае: Дали ова е механизам за финансирање на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ? Дали парите завршуваат директно во „белата палата“? Дали граѓаните плаќаат огромни камати за унгарските кредити за власта да си ги дели со коруптивни тендери? Ова не смее да остане само скандал за кој ќе зборуваме денес. Очекуваме надлежните институции да реагираат веднаш!“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби