Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

Од:

Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, ги продаде своите „познати фармерки“ кои го одбележаа неодамнешното Светско првенство во брзопотезен шах. Норвежанец ги продаде тие фармерки на јавно наддавање за 36.100 долари.

Целиот инцидент се случи на претпоследниот ден од СП во брзопотезен шах кога Карлсен дошол на мечот облечен во фармерки, поради што е казнет со 200 долари и му наредиле да се пресоблече во панталони, бидејќи го прекршил кодексот на облекување на велемајстор.

После тоа норвешкиот велемајстор не ја криеше огорченоста поради ваквата ситуација и многу експлицитно го искажа својот став околу одлуката за дисквалификација.

– ФИДЕ има свои правила и тоа е во ред. Ако не сакате да играм, во ред е – изјави тогаш Карлсен.

Светската шаховска федерација (ФИДЕ) сепак се предомисли и му дозволи на брилијантниот Норвежанец да се натпреварува.

Би можело да ве интересира

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители