Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Од:

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во текот на ноќта завршија увид во Народното собрание, откако беше пријавено дека во зградата е поставена бомба.

Контрадиверзантските екипи кои веднаш биле упатени на местото на настанот утврдиле дека пријавата е лажна, а при увидот на Народното собрание не биле пронајдени сомнителни предмети.

Претходно, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека околу 20.47 часот на бројот 192 било дојавено дека била поставена бомба во Народното собрание.

Според него, на местото на настанот веднаш биле испратени контрадиверзантски екипи за да извршат целосен увид на објектот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Србија прогласи вонредна состојба

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Африканската свинска чума пустоши во Србија: Уништени повеќе од 27.000 свињи

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он