Загина сопатничка, а двајца се тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово- Гостивар

Од:

Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар.

Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот Г.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.

Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на лице место ќе врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри