Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо и се обрати на јавноста од Лондон по учеството на самитот за Украина организиран од британскиот премиер Кир Стармер.

„Важно е Канада да е тука со нашите сојузници додека разговараме за одбраната на Украина“, рече Трудо, истакнувајќи дека „секој има важна улога“ во овој заеднички напор.

На прашањето за улогата на Канада во најавената коалиција на волните, Трудо нагласи дека Канада „од самиот почеток е меѓу најсилните поддржувачи на Украина“, потсетувајќи дека повеќе од една деценија спроведува програми за обука на украинските одбранбени сили.

„Канада ќе продолжи да игра значајна улога“, рече Трудо, додавајќи:

„Ќе стоиме покрај Украина онолку колку што е потребно, со се што е потребно.

Тој со тоа потврди дека Канада активно ќе се вклучи во понатамошната одбрана на Украина преку воена помош, обука и соработка како дел од заедничките сојузнички напори.

„Украина не само што ја брани својата територија, туку ги брани и самите принципи и вредности кои се во основата на сите наши демократии“.

Тој нагласува дека Канада „ќе продолжи да биде таму“ за Украина.

Но, дали ќе има канадски војници на теренот?

„Сите карти се на маса“, рече Трудо.

На прашањето за третманот на Зеленски во белата куќа од Трамп и Венс, Трудо избегна да ги критикува американските челници, но потенцираше дека Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува и оти Зеленски и Украина имаат полно право да ги искажат своите ставови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Која е целта на нападите на Украина на „рускиот амазон“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силен украински напад на значајни цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски се соочува со голема криза, притисокот од улиците и војската расте

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО Украинците испратија стотици дронови во Москва, „рускиот Амазон“ повторно гори