(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп се навреди затоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски не носел костум за време на состанокот во Овалната соба, иако наводно бил советуван што да облече, изјавија извори за „Аксиос“.

Пред состанокот, тимот на Трамп го советуваше Зеленски да не ја носи облеката што вообичаено ја носи, наводно во знак на солидарност со украинските војници, и да носи нешто поформално.

„Аксиос“ наведува дека Трамп бил изнервиран што Зеленски се појавил во секојдневна облека.

Трамп на влезот во Белата куќа покажа на облеката што ја носи Зеленски на сите средби со високи функционери и посети каде што бара помош и иронично рече: „О, гледам, си се скоцкал!“.

Би можело да ве интересира

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он

Мелони: Верував дека работите ќе бидат полесни со Трамп

А1он

Миршајмер: Трамп размислува целосно да ја повлече поддршката за Киев

Горан Наумовски

Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против Русија

Евроњуз: Истрагите за корупција се приближуваат до кругот на соработници на Зеленски